Здравје

За вакцинација на децата ќе се закажува термин

Министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на поликлиниката во Шуто Оризари изјави дека вакцинацијата за децата ќе мора да се закажува на www.vakcinacija.mk.

– Мора да биде така бидејќи она што е важно е дека во една вијала на вакцината на „Фајзер“ има шест дози, што значи дека кога ќе се отвори, треба да се вакцинираат 6 деца. Затоа е потребно да се направат термини. Родителите ќе може да го направат пријавувањето до четврток, а од петок ќе почне вакцинацијата на младите од 12 до 16 години – рече министерот Филипче.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top