Доколку родителите сакаат детето да почне да оди во градинка, мора да докажат дека не можат да работат од дома
Поради огромната потреба од повторно отпочнување со прием на деца во градинките, се прават напори за отворање и истовремено почитување на протоколите што се доставени до градинките од Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика – МТСП за зачувување на здравјето и безбедноста на децата и вработените. По добиените протоколи една од насоките е установата да обезбеди потврда од родителот/е дека работните задачи ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА ГИ ИЗВРШУВА НА РАБОТНОТО МЕСТО, БЕЗ МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ОД ДОМА. Ова е дел од пораката што деновиве стаса до многу родители чии деца посетуваат градинка.
Дел од градинките наведуваат дека потврдите се за носење на децата во градинка од септември.
Доколку родителите сакаат детето да почне да оди во градинка, мора да докажат дека не можат да работат од дома.
– За установата да ја има реалната бројка на деца што би отпочнале од септември, би ве замолиле вашите потврди да ги доставите до објектот каде што престојува вашето дете во периодот од 10 до 14 август – стои во пораките.
Од дел од родителите вакви потврди биле побарани во јуни.
Освен податоците од работодавецот што треба да ги содржи потврдата за родителите, на неа треба да биде напишано име и презиме на детето, објект и воспитна група каде што престојува.
Фото: Колектиф Прес
Во мај Владата го донесе протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца – градинки и центри за ран детски развој, по престанување на траењето на вонредната состојба. Правилата може да ги прочитате на овој ЛИНК.
912