Знаете дека сакате да го воспитате и одгледате вашето дете различно од начинот на кој сте биле воспитани вие – со сочувство и поврзаност наместо казна и награда. Освен што пријателите и поширокото семејство не се согласуваат со вашите родителски одлуки.

Можете да ги почувствувате нивните искажани и неискажани осуди и тоа навистина ве нервира, но не сакате да ги имате тие непријатни разговори или тензија. Тогаш, што треба да направите?

Ова се неколку работи што можете да им ги кажете на пријателите и семејството кога не го сфаќаат вашиот начин на воспитување.


1. „Ценам колку се грижиш за моите деца, но јас сум среќна со тоа како сме и каде сме“.

Секако дека знаете дека ваш роднина/пријател се грижи за вашето дете. Меѓутоа, со оваа реченица ќе им ги покажете границите, како и тоа дека не барате помош и совет, но ја цените намерата.

2. „Размислував и читав многу за родителството и среќна сум со тоа што го научив“.

Родителството денес изгледа различно од тоа во претходните генерации, а постојат толку многу извори што даваат контрадикторни совети. Пријател или роднина може да направи погрешна претпоставка дека правите сè погрешно бидејќи вашиот начин не е ист со начинот на кој тој го правел тоа. Овој одговор му дава до знаење дека сте направиле внимателен избор.

Потенцирањето дека сте прочитале и сте размислувале за нивниот стил на родителство може да ги изненади. Можеби вашиот сигурен одговор може да ги направи љубопитни за она што сте го прочитале и зошто сте одлучиле дека ова е правилниот начин за воспитување на децата.

3. „Пробавме различни методи и ова најдобро функционира за нас“.

Дајте им до знаење дека не барате совет, дека сте пробале различни стилови и сте задоволни со она што сте го избрале.

4. „Откривме дека за нашите деца повеќе одговара кога нежно ги поставуваме границите“.

Ако сте се одлучиле за посмирен пристап, тогаш ќе откриете дека е честа појавата луѓето да го интерпретираат нежното воспитување со попустливо родителство. Укажувањето дека сте поставиле граници, дури и ако изгледа поинаку, може да биде убедливо за другите луѓе што мислат дека не ја контролирате ситуацијата.

5. „Забележавме дека ако го слушнеме плачењето наместо да го игнорираме, тогаш децата ги искажуваат своите чувства и помала е веројатноста да бидат вознемирени подоцна“.

Многу луѓе немаат доволно разбирање во врска со плачењето. Тие мислат дека станува збор за негативно однесување што треба да запре веднаш наместо здрав и исцелувачки начин да се изразат емоциите.

6. „Секое семејство е различно, но ова за нас функционира најдобро“.

Разликите во родителството честопати може да доведат до дискусии меѓу пријателите бидејќи една личност може да мисли дека ја осудувате и мислите дека она што го прави е погрешно. Но, кога ќе ставите до знаење дека секое семејство е различно, тогаш вашите пријатели/роднини ќе сфатат.

7. „Децата се различни. Моето дете најдобро реагира на овој начин“.

Секој е најдобар експерт за сопственото семејство и за тоа што им е потребно на неговите деца. Никој однадвор не може да им каже на родителите како да си ги воспитуваат децата.

8. „Не грижи се, можам да се справам!“

Ако некој пријател или член на семејството сака да се справи со ситуацијата со која треба да се справите вие, ова е љубезен начин да кажете „не, благодарам“:

9. „Фала за советот. Ќе размислам“.

Со ова го завршувате разговорот и на личноста ѝ давате до знаење дека сте ја слушнале и не го отфрлате она што го вели. Но, исто така, оваа реченица ја завршува дебатата, па затоа е совршено да ја искористите со некоја личност со која никогаш нема да се разберете.

10. „Претпоставувам ова изгледа различно од начинот на кој ти си бил воспитан“.

Ова можеби не е секогаш соодветно, но ако е кажано во правилно време, може да отвори дискусија. Споделувањето приказни за тоа како сте биле воспитани вие може да им помогне на пријателите/роднините да сфатат дека секој избира сопствен пат за родителство врз основа на сопствените сложени истории и лични избори.



912

X