Детската каса е почетокот кога детето стекнува навика да штеди, а отворањето сметка во домашна банка со паричен влог сѐ уште е најбезбедната можност детската заштеда да расте и преку годините да се зголемува. Каматните стапки се разликуваат од една во друга банка, а последниве години на пазарот се намножија и различни понуди од инвестициски фондови кои со детските заштеди ветуваат брза заработка преку ризични и неизвесни инвестиции на странските берзи. Во еден ваков финансиски вител се наметнува и дилемата како родителот да одбере што е најбезбедно за детската заштеда.
„Грижата за финансиска безбедност на децата е голем приоритет за родителите, и токму од тие причини во Стопанска банка а.д. Битола се одлучивме да понудиме производ кој се одвојува од останатите на пазарот. Нашата понуда за детско штедење е со најдобрата годишна каматна стапка на домашниот пазар, односно депозитите може да се орочат на 12, 24 или 36 месеци. На пример, за орочените денарски депозити на 36 месеци стапката изнесува 3,20 отсто годишно, а за девизните имаме приспособлива каматна стапка од 1,80 отсто годишно“, вели директорката за работа со физички лица Весна Дачева.
Според понудата на Стопанска банка а.д. Битола за детско штедење, каматната стапка за орочени денарски депозити на 12 месеци изнесува 1,60 отсто годишно, а за 24 месеци – 2,80 отсто годишно. За орочените девизни депозити каматната стапка за 12 месеци изнесува 0,90 отсто годишно, а за 24 месеци – 1,50 отсто годишно. Каматата се пресметува на месечно ниво, а девизните депозити се со приспособливи каматни стапки.
Само за споредба, кај останатите поголеми банки во државава каматните стапки на орочените денарски депозити на 36 месеци се движат од 2,30 отсто до најмногу 2,85 отсто годишно. Наспроти каматната стапка од дури 3,20 отсто годишно во понудата на Стопанска банка а.д. Битола.
Разликата во понудата меѓу банките е доказ дека Стопанска банка а.д. Битола, како домашна банка, е партнер на домашниот буџет, односно и на родителот кој има интерес да им обезбеди подобра иднина на младите преку обезбедување финансии за школување или студирање на децата.
Подароците во пари од родендените, новогодишните прослави, имендените, па и оние парични подароци што се без причина, наместо да се потрошат на играчки, ако се заштедат, може да обезбедат солидна финансиска потпора за идното школување или студирање на детето.
Всушност, детското штедење како производ е наменето за деца од нивното раѓање до 18-годишна возраст, а овозможува неограничен број и неограничени износи на дополнителни вложувања додека трае орочувањето на депозитот. Минималниот износ на влог е 3000 денари, а минималниот износ на дополнителен влог е 1000 денари. Исплатата на каматата, пак, може да биде преку месечна исплата на каматата или со исплатата на каматата на крајот од периодот на орочување.
„Персоналот на Стопанска банка а.д. Битола Ве очекува во своите простории да Ви објасни подетално за можностите што ги нуди детското штедење“, дополнуваат за крај од Банката.
(комерцијален текст)
912