И кога ќе помислиме дека светот заборавил што се тоа добри дела, се појавува приказна за едно прекрасно соседство во предградието Њутон.
На самиот крај на Њутон, во Масачусетс, живее едно посебно девојче кое им е многу драго на соседите. Двегодишната Саманта Савич е глува, но сака да разговара со оние што го знаат знаковниот јазик.
– Таа е многу посветена. Сака да разговара со сите – вели нејзиниот татко Рафел.
– Да, таа сосема се менува кога некој комуницира со неа – изјави нејзината мајка Гленда.
Од друга страна, ако некој не може да комуницира со неа, таа малку се растажува. Нејзината желба да биде учесник во сè е многу болна, а тоа го забележале и сите во соседството. Кога и да ја виделе како се шета или игра во дворот, таа се обидувала да комуницира со нив, па сите чувствувале вина зашто не можеле да ѝ одговорат.
– Не знаев како да ѝ возвратам. Зарем не би сакале да разговарате со неа – прашува еден сосед.
– Би ја прашал како си поминува денес – вели трет сосед.
– Би сакал да се чувствува како дел од соседството – прокоментира уште еден сосед.
– Само сакам да ѝ бидам пријател – додаде друг.
За жал, ова е нешто што може да се реши едноставно. Потребно е целиот колектив да го научи знаковниот јазик поради тоа девојче, што е малку тешко да се очекува од луѓето.
На своја рака соседите на Сем се собрале, изнајмиле инструктор и сите почнале да посетуваат часови по знаковен јазик. Професорот Рајс Маговен вели дека ова е незапаметено зашто некогаш дури и родителите на глувите деца се бунтуваат поради учењето на знаковниот јазик.
– Сепак, Сем овде има цела заедница што комуницира со неа и со нејзиното семејство, а тоа е прекрасна приказна – вели Рајс.
Додаде дека ваквото ниво на инклузија му гарантира среќен и поприспособен живот на ова девојче. Од таа причина, родителите истакнуваат дека не постои збор со кој би ја искажале огромната благодарност до соседството.
– Тоа е шокантно и прекрасно. Многу сме среќни –изјавија нејзините родители и додадоа дека веќе забележале промени кај девојчето.
– Би требало да ја видите кога доаѓа на крајот од часот. Првиот збор што ни го кажува е пријател. Мислам дека срцето ќе ви се растопи, баш како и мене – се дел од коментарите на емотивните соседи.
Понекогаш се чини дека светот го изгуби чувството за заедништво, но кога ќе слушнете за места како ова, каде што е потребна волја за да му се помогне на едно дете да се чувствува живо и исполнето, тоа нè потсетува и на фактот дека единственото нешто што го прави добро соседството се добрите соседи.