Игротека

За да ги забавува своите деца, го обоила кучето со зелен спреј, пишувала графити на ѕидот…

Клер Хендерсон од Ворсли, Манчестер, презела екстремни чекори за да ги забавува своите деца. Некои мислат дека отишла предалеку бидејќи го обоила кучето со зелен спреј.

„Што му направила на кучето?!“ – е само еден од коментарите. Друг напишал: „Не е здраво за кучето да биде обоено со спреј!“ Трет корисник коментирал саркастично: „Ги охрабрува децата да ги прскаат ѕидовите и кучето. Многу паметно?!“

фото извор: Caters News Agency

„Elf on the Shelf“ е традиционална божиќна бајка во која децата секое утро гледаат дека новогодишното џуџе се наоѓа во различна ситуација – сè до Божиќ.

Тоа била поентата на мајката, да ја реализира практично оваа бајка. Клер е мајка на 3 деца и објаснила дека сакала да им приреди трикови на нејзините постари деца Џејден (12) и Харли (7). Тука било вклучено прскањето со спреј на семејното возило „ренџ ровер“ со зборот „Elves“.

фото извор: Caters News Agency

Исто така, ја исполнила дневната соба со графити кои наводно ги напишале џуџињата: „Зошто вашата куќа е толку неуредна? Ние помогнавме! Џуџињата се закон!“

фото извор: Caters News Agency

За среќа, Клер тврди дека не била направена поголема и трајна штета во домот.

Автор: Џејми Даунам

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top