Игротека

Ја обоиле својата куќа во боите на виножитото

За да ги расположи соседите и да се релаксира и забавува за време на пандемијата, ова англиско семејство поминало шест часа боејќи ја секоја тула од нивниот дом со креда за да создаде „куќа со виножито“.

Семејството Тејлор од Велингтон, Сомерсет, со креди ја украсило својата куќа. 26-годишната мајка Ферн Тејлор го почнала овој проект со нејзините ќерки Арабела и Матилда, а нивниот татко Марко ги обоил горните делови од куќата со помош на скала.

Фото: SWNS

– Добив инспирација од друг пост на „Фејсбук“ каде што едно семејство направи дел од нивната куќа во боите на виножитото. Првично и ние требаше така да направиме – вели Ферн.

– Но мојот партнер рече дека не може да запреме тука, па ја зеде скалата и го заврши останатиот дел од работата – додава таа.

Фото: SWNS

– Потребни ни беа шест часа, а моите ќерки навистина уживаа во тоа. Матилда има две години и не сфаќа многу работи, но навистина ни помогна – вели Ферн, додавајќи дека голем број луѓе застануваа и го поздравуваа проектот, кој изнуди насмевка кај секој од нив.

Фото: SWNS

Извор

Поврзани написи

To top