Џозеф Дојл, професор по применета економија на Факултетот за менаџмент на „MIT Sloan“ во Кембриџ, истакнал дека во повеќето случаи второродените момчиња се попалави, посклони кон поместување граници и преиспитување на авторитетот. Подоцна почесто имаат проблем со законот. Тој вели дека за второто е забележлива разликата, а истражувањето што го направиле покажало дека шансата второроденото дете да има проблем со законот е за цели 25 до 40% поголема отколку кај првороденото.
На прашањето зошто е тоа така, Дојл вели: „Иако второто дете сè уште има позитивни примери во неговите родители, тоа има и не толку рационален постар брат или сестра, кого исто така ги имитира. На пример, мојата 15-месечна ќерка пред неколку дена ја пикна главата во вода, не знаејќи што ја чека, само затоа што нејзиниот постар брат го направи тоа две секунди претходно. Други фактори се секако вклученоста на родителите и влијанието на различните групи во кои се движи детето“.
Значи, мајки, не треба да се чувствувате виновни. Не е лесно да се најде време за разговор 1 на 1 и дружење со децата кога ги има повеќе од едно. Но, има некои други работи што го прават второроденото дете различно од првото. И можеби ќе ви се допаднат повеќе.
Тие се подобри преговарачи
Истражувањата покажале дека тоа се второродените деца, особено ако во одреден момент одлично ја поставуваат средината за преговарањето и барањето компромисни решенија.
Развиваат силни врски со пријателите
Второто дете често е подобро во остварувањето социјални контакти бидејќи нема навика родителите, како што обично е случајот со првото дете, да му бараат пријатели и да му создаваат можности за дружење. Тоа само треба да го направи тоа.

Поотпорни се
Во семејство кое веќе е фокусирано на првото дете, второто дете учи да живее со делумно внимание. А резултатот е поголема отпорност кај второродените деца. Тие научиле многу пред првороденото дека не може секогаш сѐ да биде по нивна волја.
Второродените деца се помотивирани
Што се случува кога имате постар брат или сестра што трча, зборува, се прави важен/важна? Сакате да го/ја достигнете што е можно поскоро, да покажете дека можете да направите сѐ што може тој/таа. И да, тие можат да бидат фрустрирани и лути кога не можат да го направат тоа, но затоа нивните родители се тука да ја пофалат нивната работа и да им дадат ветер во едрата.