Игротека

Второодделенци од „Мирче Ацев“ од Скопје учеа како се создава Биби

Љубопитни и возбудени дечиња – ученици во второ одделение во ОУ „Мирче Ацев“ од скопската населба Ѓорче Петров ја посетија редакцијата на Деца.мк и Факултети.мк. Тие сакаа да дознаат повеќе и за тоа како се создава нивниот омилен детски лик Биби, како и нејзиниот свет.

Предводени од нивните наставнички, децата видоа како се црта Биби на компјутер, па како аниматорите ја придвижуваат…

Поднаучија и за новинарството и каква е таа професија. Тие се сретнаа и со Билјана Црвенковска, авторката на сказните и на други содржини за Биби.

Со задоволни лица и ветување дека пак ќе ни дојдат на гости, ни рекоа дека не се вели „чао“, туку „до видување“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top