Воспитување

Врската помеѓу корегулацијата и саморегулацијата кај децата

Саморегулацијата е способност за управување и модифицирање на нашите емоции и брзо се развива помеѓу 3. и 7. година, или во раното детство. Огромен дел од развојот на саморегулацијата започнува со корегулација. Саморегулацијата е размислување на повисоко и самостојно ниво кое се развива со текот на времето. Малите деца сè уште учат како да се саморегулираат и тоа го прават преку корегулација. Корегулацијата е двонасочна улица. Тоа значи кога вашето бебе плаче и е вознемирено, вие се обидувате да го смирите така што го држите, разговарате со него, го нишате напред-назад, односно се справувате со причината поради која е вознемирено. Корегулацијата продолжува во текот на целиот живот на детето и е основа за стекнување на идните вештини за саморегулација, независно од родителот или возрасниот кој претходно му помагал во тоа.

Ова бара многу вештини за детето да може да се саморегулира. Тие вклучуваат:

– сензорна обработка,

– емоционална обработка,

– внимание и концентрација,

– извршна функција,

– планирање и секвенционирање,

– рецептивни јазични вештини,

– социјални вештини,

– работна меморија.

Предизвиците за саморегулација кај децата можат да изгледаат вака:

Лоша емоционална адаптација;

Лоша контрола на импулсите;

Тешкотии со фокусирање/префокусирање на задачи;

Тешкотии во регулирањето на силните емоции како што се лутина, фрустрација, срам и возбуда;

Тешкотии со смирување по нешто возбудливо или вознемирувачко;

Тешкотии во регулирањето на нивното расположение;

Повлеченост и проблеми во интеракцијата со другите;

Тешкотии со комуникациските вештини или социјалните вештини за нивната возраст;

Однесување на нерзумен начин кон себе или кон другите;

Тешкотија со самосмирување;

Тешко прифаќање на промените;

Предизвици со спиење, јадење, сензорна обработка итн.

Важно е да ги препознаете овие предизвици, да разговарате со професионалци од областа на детска психологија, а исто така заеднички да изнајдете начини за нивно усвојување.

Зошто е важна саморегулацијата?

Подобрена емоционална интелигенција;

Подобро справување со стресот;

Подобрени резултати од учењето во училиште;

Станување понезависни и самостојни;

Подобри односи со другите;

Способност за контрола на импулсите;

Останување фокусирани на целите;

Приспособување на промените во околината итн.

Важно е да се запомни дека оваа вештина не е нешто што вашето дете магично ќе го совлада за еден ден. Тоа е вештина на која сите треба да работите секојдневно.

Автор: м-р Христина Стефановска

Поврзани написи

To top