Игротека

Станав мајка во ерата на „закажани средби“: Како се чувствувам во овој нов, организиран свет?

Израснав во 80-тите години кога пријателствата се случуваа во маало, пред куќа, без планови и протоколи. Денес, како мајка на едно социјално „пеперутче“, се соочувам со една поинаква реалност за која никој не ме подготви.

Присилно дружење

Денес, пријателствата на децата се строго структурирани. Се чувствувам лошо затоа што социјалниот живот на мојата ќерка директно зависи од мојот. Таа нема пријатели бидејќи јас немам. Ова е тежината на модерното мајчинство – ако не си „популарната мајка“ која постојано договара средби, твоето дете останува изолирано. Се чувствувам виновна што нејзините пријателства се обврска во мојот календар, а не спонтан избор.

Изолацијата на периферијата

Живеам во мирна населба, настрана од градскиот метеж и често се прашувам дали јас сум виновна за нејзината осаменост. Но, дури и моите пријателки што живеат во густо населени населби го имаат истиот проблем. Светот се промени – повеќе не ги испраќаме децата со велосипеди надвор додека не зајде сонцето. Вратите се заклучени, а „маалската банда“ е заменета со два часа договорена игра меѓу две дремки на бебињата.

Социјални протоколи

Се чувствувам непријатно додека водам куртоазни разговори со други мајки само за децата да имаат малку време заедно. Постојано ги пресметуваме термините: „Слободна сум од два до четири во вторник“ или „Може ли да дојдете додека бебето спие?“ Сè стана толку логистички комплицирано, што понекогаш едноставно се откажуваме од обидот децата воопшто да играат.

Најтажното спознание

Најмногу ме боли тоа што мојата ќерка не знае што пропушта. Јас ги споредувам моите „полароид“ сеќавања со нејзината сегашност, а таа е среќна во својот мал свет бидејќи не знае за друго. Се чувствувам како да ја чувам во кафез, додека во срцето посакувам таа да може да трча слободно низ уличките во нашата населба.

Автор: Џенифер Вајт

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top