Ако сте бремени, не значи дека сте болни. Значи, освен во исклучителни ситуации, сите обврски ќе ги вршите исто како и претходно – кога не сте биле бремени. Една од тие работи е возењето автомобил.

Сигурно нема да се откажете од работата и секојдневните задачи само затоа што сте бремени. Но, многу е важно да се има предвид дека возењето во бременоста треба да биде безбедно и за вас и за бебето!
Една од работите што треба да ги имате на ум е правилно да го врзете безбедносниот појас. Имено, појасот за време на бременоста секогаш треба да се спушта под стомакот, а не да се стои над него. Во случај на несреќа, појасот нема да го стегне стомакот, туку долниот дел од карлицата, што е далеку помалку опасно за бебето.

Еве уште неколку совети за безбедно возење за време на бременоста:

– Ременот оди преку градите и под долниот дел на стомакот;

– Поместете го седиштето наназад за да направите простор за вашиот стомак. Покрај тоа, во случај на судир, има помали шанси да удрите во воланот со стомакот.

– Доколку имате можност, поместете го воланот нагоре за да не е насочен кон вашиот стомак.

– Има и специјални екстензии за бремени возачи кои се приспособуваат на постојниот појас и го продолжуваат меѓу нозете, па во жлебот.

– Не возете ако имате утрински мачнини или вртоглавица и главоболка.

– Возете кратки растојанија за да ги одморите нозете и рацете. Долготрајното возење има исцрпувачки ефект врз телото на трудницата, а постои можност и да добиете грчеви во нозете додека возите.

– Не возете ако имате породилни болки!

Извор



912

X