Мајка од Холандија, Кити, ја споделува својата приказна за тоа како холандските родители ги прават децата самоуверени и независни од родителите.

– Децата во Холандија спијат подолго, во просек два дополнителни часа во текот на ноќта и тоа игра голема улога во нивното однесување, но исто така им помага на родителите да го добијат потребниот одмор за да бидат подготвени да ги учат своите деца да бидат самоуверени и да зависат од себеси.

Кога гледам низ мојот прозорец од кујната кога завршуваат часовите на училиште, гледам совршен пример на холандски начин на воспитување. Децата на возраст до 4 години играат зад куќите. Кога се движите низ маалата, гледате групи деца како трчаат наоколу и си играат. Постарите деца доаѓаат дома со велосипед, додека едно дете оди со куче и ѕвони на вратата од соседот. Родителите се внатре и си ја гледаат својата работа, а ги проверуваат децата на секои 30 минути. Им дозволуваат да играат со другарите без да ги попречуваат… ги учат да бидат независни, сами да решаваат проблеми и да се потпираат на себеси.

За таквото воспитување има неколку методи:

1. Помалку правила

Холандските родители немаат многу правила. За многу работи се преговара и дискутира. Свети се само неколку правила, на пример, одреден час за спиење и вечера. Остатокот од семејниот живот е составен од учество на сите членови на семејството, без разлика колку се мали децата.

2. Давање глас на децата

Ова е важно за родителите во Холандија. На малите деца им се дава право на избор, на пример, избор меѓу зеленчук или на постарите деца – избор на еден оброк во неделата. Кога ќе станат малку поголеми, сами го одбираат спортот со кој ќе се занимаваат, хобито и другарите. Родителите им дозволуваат и да грешат, иако некогаш неволно.

3. Без притисок

Изборите што ги прават децата ретко се под притисок од родителите. Децата може да ги истражуваат сопствените страсти, па дури и училиштето не е предел каде што родителите ги поставуваат границите. Не е срамно во Холандија да се повторува година. Сè додека децата имаат основа за иднина каде што се среќни и можат да се издржуваат финансиски, родителите се среќни и сметаат дека работата ја завршиле како што треба.

4. Издвојување време за децата да се воспитаат да бидат независни

Холандските родители им даваат слобода на своите деца и простор за сопствени избори. Но, тоа не значи дека не поминуваат време со нив. Повеќето мајки работат со половина работно време, а татковците 4 работни дена или помалку. Родителите вложуваат многу труд во заедничките семејни оброци. Поминувањето квалитетно заедничко време им е приоритет.

Да се учат децата да бидат независни е бавен процес, но подоцна се исплати. Полесно е да му помогнете на детето да ја облече јакната наместо да го учите како да ја облекува самото. Ако сте достапни колку што е можно повеќе како родител, тогаш можете да одговарате на повеќето прашања што ги имаат децата. Колку повеќе ќе им помогнете да разберат зошто, што и како, толку побрзо детето ќе развие нови вештини и ќе започнува нови активности.

Секој избор што ќе го направите како родители има свои придобивки и маани. Најважната придобивка е децата да станат независни и да се потпираат на себеси. Холандските деца имаат самодоверба и не се плашат да го кажат своето мислење. Носат сопствени одлуки и избори, па имаат многу можности да ги истражуваат сопствените квалитети и страсти, а тоа подоцна им помага и во изборот на идната професија. Сето тоа доведува до фактот дека холандските деца се меѓу најсреќните деца во светот.

Маана на сето ова е дека децата стануваат помалку приемчиви во однос на родителите, наставниците и авторитетите, генерално. Тоа не е лошо, но се случува децата во Холандија малку да изгледаат груби и нељубезни, но сепак независни. Во други култури децата ги третираат родителите со многу голема почит. Холандските деца го споделуваат нивното мислење цело време, дури и кога некој смета дека тоа е несоодветно.

Друга маана на ваквото воспитување е високото ниво на индивидуализам во холандското општество и култура. Во споредба со другите земји, семејните врски не се толку интензивни.

Учењето на децата да бидат независни и да се потпираат на себеси не е секогаш лесно, но е акт на љубов и поддршка кон нив. Тоа прави да чувствуваат дека верувате во нив и верувате во нивните расудувања. Ова е како денот кога ја оставив мојата 3-годишна ќерка да се облече самата за на училиште. Додека нејзиниот плакар е преполн со прекрасна облека, таа избра комбинација која за мене… не беше баш добра. Откако се бореше да се облече самата, отиде на училиште изгледајќи како мал кловн. Сепак, таа е многу гордо и независно дете, а којзнае што сакаат да облекуваат девојчињата на нејзина возраст.

Па, едноставно ја оставив, како што еден ден ќе морам да ја оставам да си оди по својот пат“.

Автор: Беки Менсфилд

Извор



912

X