Центарот за грижа и учење за деца „Lil’ Blessings“ во Хамилтон, Мисисипи, е под истрага откако беше објавено видео од воспитувачки со маски од филмот „Вресок“ како ги плашат децата.
Според објавите што кружат на социјалните мрежи, тие сакале да ги исплашат децата што „се однесувале лошо“.
„Децата беа преплашени. Многупати бев сведок на вакви сцени и решив да снимам како доказ за тоа што се случува бидејќи претходно се жалев на други работи и ништо не беше направено“, напишала Џенифер Кајла Њуман, вработена во градинката.
На видеото, објавено на „Редит“, можете да видите како воспитувачка со маска на лицето се приближува до група деца кои седат на масите и ручаат. Кога ја здогледува, малото момче почнува да вреска и да плаче. Децата се видно вознемирени, а некои трчаат и се обидуваат да се скријат под масите и зад полиците за книги. Во еден момент маскираната воспитувачка му се приближува на момчето и му вели: „Дали беше непослушен? Сакаш да те избркам надвор?“
Видеото може да се види на овој линк.
Додека момчето хистерично плаче, камерата се префрла на друга воспитувачка која се смее.
Од Канцеларијата на шерифот Монро изјавиле дека се запознаени со видеото и истражуваат дали има основа за кривична пријава. Локалниот медиум објавил дека четири воспитувачки биле отпуштени откако инцидентот станал јавен.
912