Несомнено е дека воспитувачите и учителите ги имаат најпредизвикувачките работни места на пазарот на трудот. Освен што добиваат ниски плати, тие работат напорно и секојдневно се справуваат со деца кои врескаат.
Една воспитувачка решила на платформата „Редит“ да покаже како изгледа собата во која престојуваат група мали деца, откако едно од нив имало излив на бес. За тоа ги обвинила родителите на детето.
„Ова се случи бидејќи детето одби да спие. Родителите инсистираат дека неговото однесување не е проблем“, објаснила таа и додала дека детето има три години.
На фотографијата се гледа дека детето расфрлало играчки низ собата, а сцената ја споделиле и корисниците на „Редит“.
„Тешко е да се справат со тоа, па мајката и таткото ја префрлаат одговорноста на вас“, смета едно лице.
„Едно дете го направи ова? Мислев дека тоа е резултат на дивеењето на целата група“, додал некој друг.
Сепак, други не покажале никакво сочувство и велат дека може да има многу причини за ваквото однесување.

„Според моето искуство, ова е резултат на стресен семеен живот“, посочува трет корисник.
„Малото дете допрва треба да научи да ги регулира емоциите. Ако се однесува вака, животот дома не му е во ред, а не знае да зборува за тоа што навистина го мачи“, тврди четвртиот.
Што велат експертите?
Според експертот за родителство Кирсти Кетли, родителите не треба да бидат попустливи кога детето има излив на бес.
„Знам дека е тешко да се остане смирен, но преку попуштањето вие создавате разгалено детиште. Земете длабок здив и обидете се да ја задржите контролата“, советува таа.
Таа додава дека само со таков пристап децата ќе научат како да ги контролираат своите емоции додека растат.
„Покажете им дека разбирате зошто се фрустрирани или вознемирени. Но, обидете се да не попуштите“.