Игротека

Воен ветеран од САД создал детска книга за да им го објасни своето нарушување на децата

По 16 години поминати во Катар, Авганистан и во Ирак, војникот Сет Кесл се пензионирал и се вратил дома во Вејкини, Канзас. Бил среќен што се вратил дома кај својата сопруга Џулија и ќерките Реган и Кенеди, но се борел со посттрауматски стрес.

– Кога се вратив дома и го започнав процесот на повторна интеграција, ми беше тешко, но не разбирав зошто – вели Кесл. За да се справи со своите чувства и да им помогне на своите деца да ја разберат неговата состојба, Кесл седнал на масата во кујната и почнал да пишува приказна на која мислел подолго време. По половина час  првичната верзија од делото „Зошто тато е толку лут?“ била завршена. Неговиот труд е книга за деца во која се зборува за семејство на лавови, моделирани според Кесл, каде што таткото се бори со посттрауматски стрес. Нарушувањето е претставено во книгата преку илустрации на кои е прикажан оган кој излегува од градите.

фотоизвор: Пинтерест

Кесл се надева дека неговата книга ќе им помогне и на другите американски воени ветерани и нивните семејства, а не само на неговото. Според процените на Департментот за американски воени ветерани, од 11 до 20 проценти од воените ветерани што учествувале во војната во Авганистан и во Ирак имале такво нарушување на менталното здравје, но тоа, сепак, останува тешка тема за дискусија.

– Читањето на оваа книга на моите ќерки беше навистина моќно искуство. Откако ѝ читав на мојата најстара ќерка, таа ми кажа дека ѝ е жал што имам оган во моите гради. Тоа е нешто што ќе ми остане – вели Кесл.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top