Тешко е да се прави разлика помеѓу дискалкулијата, дислексијата, диспраксијата и дисграфијата бидејќи сите тие се тешкотии поврзани со пишувањето или читањето.

Да се биде родител на дете со тешкотии во учењето е доста голем предизвик. Не само што родителот треба да научи што е можно повеќе за нарушувањето на своето дете туку и треба да помине доста време со наставникот. Родителите и наставниците треба да создадат заеднички цели за детето. Наставниците кои во училницата имаат ученици со тешкотии во учењето имаат дополнителни одговорности. Тие не само што се одговорни за она што детето ќе го учи академски, туку се и одговорни за следење на целите на детето на емоционално ниво.
Во продолжение е дадено објаснување за овие термини, кои често се мешаат и предизвикуваат забуна.

Дислексија

Дислексијата, исто така наречена нарушување на развојното читање, е тешкотија во учењето што влијае врз разбирањето или прецизноста на флуентноста во однос на читањето. Симптомите вклучуваат тешкотии при поврзувањето на буквите со јазични звуци, тешкотии во препознавањето на пишаниот збор, транспозиција на букви и/или броеви и тешкотии во одредувањето на значењето на речениците. Дислексијата може да влијае врз животот на детето предизвикувајќи проблеми во училиште и влијаејќи врз неговата самопочит. Проблемите со читањето во детството може да останат и понатаму во животот доколку не се решат. Третманите за дислексија вклучуваат поправна настава во училиштата, специјализирани паралелки, индивидуални образовни планови, приватно менторство и друго позитивно засилување.

Дискалкулија

Дискалкулијата е тешкотија во учењето што влијае врз математичките пресметки. Тежината на состојбата варира од личност до личност. Главната област на слабост што сигнализира дијагноза на дискалкулијата вклучува визуелно-просторни тешкотии и тешкотии во обработка на јазикот. Другите чести симптоми вклучуваат проблеми со учењето математички факти, проблеми со препознавањето на броевите и проблеми со решавањето на математичките проблеми. Децата што немаат соодветен математички речник и визуелно-просторни асоцијации може да имаат тешкотии да ја усвојат напредната математика. Третманот за оваа состојба најчесто вклучува користење на алтернативни методи на учење и различни начини за пристап кон математичките проблеми.

Дисграфија

Дисграфијата е тешкотија во учењето што резултира во тешко изразување на мислите при пишување. Понекогаш се нарекува и сиромашен ракопис. Симптомите вклучуваат лоши вештини за пишување, но силни вербални вештини, интерпункција што е случајна или непостојна, неразбирливо пишување, правописни грешки и неправилно нумерирање. Ако не се открие рано, дисграфијата може да ја ограничи способноста за пишување на една личност, да ја ограничи креативноста, па дури и да влијае врз самодовербата. Општите методи на лекување се состојат од вежбање ракопис и поминување повеќе време во пишување одредени задачи.

Диспраксија

Диспраксијата е тешкотија што влијае врз развојот на моторните вештини, вклучувајќи ги и тешкотиите во говорот. Симптомите на диспраксија вклучуваат проблеми со контролата на говорот, проблеми со активностите што бараат фини моторни вештини, лоша координација, чувствителност на допир, светлина, мирис и вкус. Ова нарушување ги погодува луѓето така што влијае врз способноста за говор и за пишување. Исто така, може да влијае и врз самодовербата на личноста. Опциите за третман вклучуваат практикување на едноставни задачи, развивање координација и работа со говор, како и професионални и физички терапевти кои ќе помогнат за подобрување на функционирањето.



912

X