Секое дете се развива со свое темпо, но постојат одредени развојни пресвртници што, во просек, ги достигнуваат сите деца на приближна возраст.
Овие насоки се дел од развојниот водич и служат како ориентација за тоа што може да се очекува од детето во даден период. Иако постојат нормални и очекувани отстапки од просекот, секогаш е важно да се консултира стручно лице ако се појават сомнежи, со цел точно да се процени развојот и евентуалните причини за отстапување.
Што може да прави дете од претшколска возраст?
Развој на крупната моторика:
Стои на една нога без поддршка околу 40 секунди;
Прескокнува јаже со двете нозе истовремено;
Скока од височина од 40 см;
Се ниша на шипка држејќи се со рацете 10 секунди;
Фаќа топка со една рака;
Фаќа топка во скок;
Се облекува самостојно;
Врзува врвки на обувките;
Развој на фината моторика (око-рака координација и прецизни движења):
Погодува цел со топка;
Со клешти вади шајка и ја кова со чекан;
Намотува конец на калем;
Со палецот го допира секој прст на раката;
Сече и лепи едноставни форми од хартија;
Прави хартиена лепеза;
Препишува печатни букви;
Црта ромб;
Користи острилка за моливи;

Развој на перцептивните способности:
Острина на вид речиси како кај возрасен;
Широк агол на вид, способност за периферна перцепција;
Развиена способност за визуелна анализа (наоѓа разлики меѓу слики, препознава детали во сложени слики);
Развој на интелектуалните способности:
Разликува лева од десна страна;
Извршува три наредби дадени одеднаш;
Знае да изброи предмети и да го означи бројот со цифра;
По усна насока групира предмети според боја, форма, големина и дебелина;
Брои до 13:
Прави скали од 10 коцки по пример;
Наведува разлики (на пр., „во што се разликува птица од куче, дрво од стакло“);
Логичко размислување: класификација, редење, споредување и сочувување на количини
Развој на говорните способности:
Зборува јасно и правилно;
Ги изговара речиси сите гласови (можеби недостига „р“, „л“);
Прераскажува кратка приказна;
Го чита и пишува своето име;
Поставува прашања за значењето на зборовите;
Користи помеѓу 2.500 и 3.000 збора.
Социјален и емоционален развој:
Користи прибор за јадење и сам си прави сендвич;
Сам си ги чисти чевлите;
Сам се движи во блиското соседство;
Може да му се довери мала сума пари;
Си избира најдобро другарче;
Покажува заштитничко однесување кон помали деца;
Почитува правила во групна игра;
Ги препознава и изразува своите емоции: љубов, среќа, гнев, разочараност;
Може да ја согледа ситуацијата од перспектива на друг;
Има реални и нереални стравови (на пример, од чудовишта);
Има способност за соработка и учество во заеднички активности;