Вкупно 670 дронови биле донирани во повеќе од 60 училишта во Земун, Панчево, Суручин и Нов Белград, а благодарение на меморандумот со Ротари дисктриктот на Србија и Црна Гора, изјавил министерот за образование Бранко Ружиќ на доделувањето на дроновите во основното училиште „20 Октомври“.

Министерот рекол дека обуките за учениците од 5. и 6. одделение почнале од 2 септември, како и дека има доволно стручни луѓе кои ќе се занимаваат со тоа прашање. Гувернерот на дистриктот на Србија и Црна Гора, Данило Љевнаиќ, најавил дека во следниот месец повеќе од 100 училишта ќе добијат роботчиња.

Директорот на училиштето „20 Октомври“, Бранислав Недељковиќ, вели дека учениците се многу заинтересирани за целиот проект и дека ќе им помагаат наставниците по информатика. Како што изјавија, пандемијата на коронавирусот навела училиштето дополнително да се заинтересира за ИТ-секторот, па така сите училници се опремени со компјутери и интернет.

Извор



912

X