Во Скопје, секој ден, сѐ повеќе и повеќе деца бараат место каде што своите омилени игри ќе ги претворат во реалност. Одговорот на нивните соништа го има најголемата игротека под отворено небо, Mondano Playground Center, која ќе биде отворена в среда, 28.08.2019, во 18:30 часот. Таа е во рамките на спортскиот комплекс „Мондано“ и се наоѓа веднаш зад гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Скопје.
– Оваа игротека е уште едно поглавје од приказната на спортскиот комплекс Мондано, кој веќе 8 години соработува со гимназијата „Јосип Броз-Тито“. Ние веруваме во тоа дека сите млади заслужуваат простор каде што преку спортски активности ќе се развиваат и растат. Ни претставува исклучително задоволство кога учениците доаѓаат на нашите терени и ги користат бесплатно. Тоа ни беше мотивација да го направиме Mondano Playground center. Сега и најмалите ќе може да доаѓаат за да играат и спортуваат. Тие ќе може да се дружат и да ги развиваат своите моторички способности на големиот Трамбулина парк, забавниот Ninja Warrior парк и на Зорб топките за одење по вода – вели Виктор Михајловски од „Мондано“.
Спортскиот комплекс „Мондано“ го организира настанот Green Zone, каде што беа засадени над 100 зимзелени садници. Истиот ќе го повтори на отворањето на Mondano Playground center – секој што ќе дојде ќе има можност да помогне во засадувањето на над 80 нови садници и на нив да остави лична порака како мотивација и инспирација за секој друг посетител.
(комерцијална објава)
912