Ако посетите некоја скандинавска земја, сигурно ќе забележите колички со бебиња на отворено, дури и во зима. Ова е шокантно за повеќето луѓе, но родителите во овие земји тврдат дека оваа практика има многу предности.
На бебето му е топло
Иако температурата на воздухот е ниска, родителите секогаш се грижат на бебето, кое престојува или спие на воздух, да му биде топло. Затоа Скандинавците ги облекуваат своите деца во топла облека и секогаш имаат при рака ќебе.
Се зајакнува имунитетот
Врз основа на набљудувањата, родителите и училиштата во нордиските земји тврдат дека децата што спијат на отворено се поздрави. Утврдено е дека спиењето на отворено промовира подобар сон, го зајакнува имунолошкиот систем и создава помирни деца. Исто така, родителите забележале дека нивните бебиња кои спиеле на отворено се поактивни и имаат подобар апетит.
Спијат подолго
Според едно истражување спроведено во Финска, родителите откриле дека нивните деца спијат подолго надвор отколку внатре. Дремките на отворено траеле речиси три часа, додека дремките во затворени простории траеле само еден до два часа.
Училиштата ја поддржуваат оваа практика
Во земји како Шведска и Данска, а од неодамна и во Велика Британија, училиштата ги поттикнуваат децата да поминуваат време надвор за да играат, да јадат и да спијат. Истражувањата покажуваат дека децата што спијат надвор имаат помала веројатност да се разболат и да не одат на училиште бидејќи бактериите и вирусите имаат поголема веројатност да се шират во затворени простории. Има една поговорка која вели: „Малку свеж воздух никому не му штети“, а Швеѓаните велат: „Не постои лошо време, само лоша облека“.