Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“, чии простории се наоѓаат во центарот на Скопје, од учебната 2022-2023 година ќе има дисперзирана паралелка за основно музичко образование во Општина Сарај.

Паралелката се отвора по барање и на иницијатива на родителите и училиштето, со согласност од Министерството за образование и наука и Општина Сарај и ќе функционира во рамките на Основното општинско училиште „Дитурија“.

Иницијативата е покрената со цел да им се излезе во пресрет на младите од оваа општина, кои секоја година покажуваат поголем интерес за вклучување во музичкото образование. Во новата учебна 2022-2023 вкупно 8 ученици се запишаа во државниот музичко-балетски училиштен центар, но наместо секојдневно да патуваат, а воедно и со цел да се намалат трошоците и грижите на нивните семејства, тие ќе ја следат наставата во својата општина и населено место.

Министерството за образование и наука ја оцени оваа иницијатива како корисна и даде поддршка за нејзината имплементација, која, пак, не предизвикува фискални импликации по државниот буџет.

Извор: МИА



912

X