Игротека

Во САД било легално да се испраќаат деца по пошта

Дали сте знаеле дека всушност било легално бебињата да се испраќаат по пошта? Да, вистина е и пред да кажете дека никој тоа не би го направил, треба да знаете за Џеси и Матилда Бигл од Гленист Охајо.

Тие се првиот случај кога родители го испратиле своето бебе по пошта, пред 107 години. Тие платиле 15 центи за да го испратат својот син во куќата на неговата баба. Детето тогаш тежело 4 килограми.

Иако сите можеме да се согласиме дека ова е многу неодговорно родителство, причината поради која ова било можно е бидејќи тогаш немало закон против тоа дејство. Дали луѓето го искористувале тоа? Се разбира дека го искористувале. Биглс не биле единствените што ги испраќале своите деца по пошта. Тоа се случувало повеќе пати.

Поштенскиот сервис во САД се сметал за една од најважните служби во тоа време, а работниците биле навистина добро платени. Бидејќи не била развиена технологијата до оваа мера, поштата била единствениот сервис преку кој граѓаните испраќале различни пратки до други места. Во 1913 година било дозволено граѓаните на САД да испраќаат пратки до тежина од 5 килограми. Бидејќи немало закон дека не треба да се испраќаат деца, граѓаните го злоупотребиле тоа.

Што се однесува до семејството Бигл, куќата на баба им била оддалечена нешто повеќе од километар и иако можеле да го однесат детето пеш, тие се одлучиле да го испратат по пошта. Испраќањето деца не било вообичаено, но факт е дека се случувало.

Најпозната приказна е за шестгодишната Меј Пирстроф, која била испратена како поштенска пратка од страна на нејзините родители преку воз, а патувала околу 11 километри за да ја посети својата баба. На 14 јуни 1920 година, претставникот на поштата истакнал дека праќањето деца по пошта не смее повеќе да се практикува, наведувајќи дека тоа станува нелегално. Повеќе детали за оваа практика во САД погледнете во видеото.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top