Ако ја прашавте 12-годишната јас како се замислува по 20 години, ќе ви речеше дека ќе биде најдобрата шефица, со работа во голем град, независна жена која ужива во сопствениот успех. Таа имаше големи надежи и соништа, а планираше сето тоа да го оствари сама.
Премотајте до денешен ден и ќе откриете дека сум мажена, невработена мајка на 3-годишно дете, која живее во предградие на 10 минути оддалеченост од местото каде што порасна, со живот ниту приближно до замислениот.
Да се каже дека добро се приспособив на мајчинството, би било претерано. Всушност, направив сè што сите експерти велеа да не го направам, на пример, спиење со детето, константно држење на бебето в раце и никогаш не го оставав. Многу од овие работи придонесоа да имам сериозна постнатална анксиозност, до тој степен што искрено верував дека мојот син ќе умре ако не сум покрај него. Дури и со помош од терапевт се чувствував неразбрана и без поддршка. Справувањето со хроничен автоимун проблем како врв на сето тоа ја продлабочи мојата изолација. Плачев секој ден 18 месеци, прашувајќи се како си дозволив да се најдам во оваа позиција и посакувајќи да бев подобра и да имав поголема контрола. Беше кошмар и сакав да излезам од него.
Во ред е да признаете дека можеби не го живеете животот што сте замислувале дека ќе го живеете
Пред некој ден додека го чистев подот додека мојот син врескаше дека треба да му ги измијам неговите лепливи раце, тајмерот на рерната се исклучи и мачката ја гребеше вратата за да ја пуштам долу, јас имав откровение – она што го чекав речиси 3 години – во ред е да не ја сакаш секоја секунда од својот живот.
Родителството е тешко. Обидите да се справуваш со ментална болест може да изгледаат невозможни. Доењето е тешко. Хроничните болести, особено кога се недијагностицирани, се тешки. Обидите да создадеш кариера од пишување додека одгледуваш мало човече, со приоретизирање на бракот – или не – како и чистењето на домот, готвењето, присуствувањето на конференции и состаноци – е навистина претешко и може да предизвикува чувство на изолација. Јас го поминав тоа. Сè уште сум тука и ви кажувам дека е во ред да не бидете во ред. Во ред е да згрешите. Во ред е да признаете дека можеби не го живеете животот што сте замислувале дека ќе го живеете. Или можеби го живеете, но не ви се допаѓа. Во ред е.
Она што го научив неодамна благодарение на Ковид-19 и карантинот е колку не можете да ги игнорирате своите проблеми. За мене, брачните и личните проблеми излегоа на површина. Ми изгледаше како светот да завршува и дека мојот живот е готов. Но, признавањето на симптомите не ја третира болеста, а игнорирањето на чувствата не прави тие да исчезнат.
Овој период од животот изгледа како да нема крај, но беше важно да размислувам за работите што ме усреќуваат
Мајчинството е тешко. Споредбата со другите на социјалните мрежи, нешто што мразам да го признаам дека го правев за време на карантинот, е штетна. Особено кога се прашувам зошто сите други изгледаат среќно и си го средиле животот освен мене. Но, не им е среден. Овој период од животот изгледа како да нема крај, но беше важно да размислувам за работите што ме усреќуваат. Прегратките и бакнежите надоместуваат за другото. Насмевките исто така. Гледањето во чудесните очи на мојот син додека открива нови работи и трча низ градината ме враќа во живот.
Може да биде многу лесно да се препуштите на негативното – особено во време на пандемија. Особено во нестабилен брак. Особено кога живеете во минатото. Ова не е животот што го планирав, но во ред е – бидејќи е мој и бидејќи ме обликува во личноста која сум. Мајка. Сопруга. Учител. Писател. Па дури и опасна девојка-шеф која сакав да бидам – целосно и комплетно со контрола над сопствениот живот.
Автор: Еми Хамилтон