Откако мајка не сакала да му купи сладолед на своето дете во Лондон, социјална работничка ѝ го одзела момчето. Случајот завршил на суд, објавија англиските медиуми.
Првостепениот суд ги прифатил барањата на социјалната работничка и детето привремено било сместено во старателско семејство.
Но, апелацискиот судија Мостин донел поинаква пресуда откако добил извештај од социјалната работничка на дури 44 страници. По разгледување на случајот ѝ го вратил момчето на биолошката мајка оценувајќи ги наводите на социјалната работничка како лоши и безначајни.