Воспитување

Во кој период од денот најчесто се раѓаат бебињата?

Додека планираниот царски рез обично се случува во утрата во текот на работната недела, породувањата со провокации се случуваат околу полноќ. Генерално, повеќе од 70 отсто од раѓањата се одвиваат надвор од регуларните работни часови. Анализата била спроведена на 5 милиони породувања помеѓу 2005 и 2014 година од страна на универзитетскиот колеџ во Лондон.

Истражувачите рекле дека може да има импликации за персоналот составен од бабици и лекари, бидејќи само 28 отсто од раѓањата се случуваат помеѓу 9 и 17 часот во работната недела.

Од 50-тите години се променети шаблоните поради повисоките стапки на интервенција, на пример, царскиот рез и породувањето со провокации. Професор Алисон Мекфарлан, истражувач од Универзитетот во Лондон, вели дека моменталните трендови во гинеколошко-акушерската интервенција на породувањето може да функционираат во спротивни насоки. Со растечки стапки на индукција, таа вели дека породувањата со провокации почесто се случуваат навечер, додека претходно планираните царски резови се закажуваат за утринските часови.

Таа додава дека поголемиот број домашни породувања може да ги „намалат стапките на гинеколошка интервенција и да влијаат врз овие трендови, како и врз целосниот тајминг на породувањето“. Д-р Питер Мартин од универзитетскиот колеџ во Лондон, кој исто така е дел од истражувачкиот тим, вели дека е можно да има еволуциска причина за тоа што спонтаните породувања се концентрирани во текот на ноќта. „Нашите предци живееле во групи кои биле активни во текот на денот, а се збирале и се одморале во текот на ноќта. Па, ноќното време за породување и раѓање веројатно им дозволувало на мајката и на новороденчето одреден вид заштита“.

Сепак, ова не објаснува зошто спонтаните породувања се помали за 7 проценти на Божиќ или Бадник. Шон О’Саливан од Кралскиот колеџ за бабици вели дека истражувањето може да им помогне на службите во организирање на персоналот, но треба да се обрне внимание и на обрасците во локалните места. „Секое планирање на службите мора да ги земе предвид сите аспекти на нега“.

Елизабет Даф, виш советник за воведување политики во родителска организација, вели: „Оваа студија ни кажува дека на родителите не им пречи тајмингот на раѓање на бебето, сè додека резултатот е здраво бебе и здрава мајка. Па, загрижува тоа што индукцијата изгледа дека е темпирана за бебињата да се раѓаат околу полноќ, кога поискусниот персонал е помалку достапен да асистира ако се јават компликации“.

Автор: Филипа Роксби

Извор

Поврзани написи

To top