Во многу ситуации родителите мора да им кажат „не“ на своите деца. Ова е рефлексен одговор, а често и инстинктивен. Ако детето не го слуша овој збор многу често, тој има траен ефект врз него.
Според детскиот психолог Лаура Маркам, авторка на „Мирен родител, среќни деца“ и основач на веб-страницата за родителски совети „Aha!Parenting“, кажувањето „не“ на децата ги тера да размислуваат малку пошироко.
Како родители, на децата сакаме постојано да им кажуваме да. Но, д-р Маркам вели дека тоа што ќе му кажете „не“ на вашето дете му помага да има граници кои го помагаат неговиот емоционален, физички и ментален развој. Кога не кажувате „не“, тогаш го оставате вашето дете неопремено да се справи со реалниот свет.
Во продолжение, д-р Маркам споделува во кои ситуации треба да му кажете „не“ на вашето дете.
На паркинг
Децата се ниски за автомобилите да ги видат.
– Ова не е нешто за кое треба да се шегувате. Мора да им кажете дека треба да ве држат за рака без разлика на тоа што ќе се случи. Бидете транспарентни, но емпатични и јасно кажете му: „Не трчаш на паркингот, не бегаш од мене, туку остануваш со мене, инаку може да те удри автомобил“.
Ако вашето дете ги повредува другите
Децата не разбираат дали го повредуваат кучето или мачката, но ако го повредуваат, тогаш тоа е ситуација кога треба да кажете „не“. Д-р Маркам предлага да покажете сочувство.
Ако се сведоци или учествуваат во булинг
– Ако некој е злобен кон друго дете, дури и ако силеџијата е твој добар пријател, а ти не го знаеш другото дете, не треба да се придружуваш кон вербалното насилство – се зборови што треба да му ги кажете на вашето дете.
Ако вашето дете уништува личен имот
– Не смееш да влезеш во собата на брат ти и да ги кинеш неговите работи само затоа што си му лут – е нешто што родителите треба да им го кажат на децата, советува д-р Маркам.
Ако вашето дете се соблекува во јавност
Во нашето општество, да се биде гол во јавност не е во ред по одредена возраст, а д-р Маркам таа граница ја поставува на четири години. Така што, ако вашето дете се соблекува на јавно место, ваше е да му кажете „не“.
Ако се однесува лошо во ресторан
Ако децата не можат да ги следат правилата на одредено место, тогаш не треба да ги носите. Другите гости имаат право на тивка вечера, па ако децата се однесуваат лошо, родителите треба да им кажат „не“.
Во авион
Авикомпаниите имаат одредени правила и прописи кои мора да ги почитуваат сите патници, без разлика на возраста. Децата не смеат да ги клоцаат седиштата пред нив, не смеат да бидат гласни во авионот и слични правила. Ова е простор кој децата го делат со многу луѓе, па мора да се приспособат на правилата, советува д-р Маркам.
Кога ги учите за непознати луѓе
Доколку детето се најде во ситуација да биде само без возрасно лице во кое има доверба, треба да знае дека никогаш, под никакви услови, не треба да оди со некој што не го познава.
Кога вашето дете прави планови со другарче
Правило во семејството на д-р Маркам е дека не можете да го прекршите договорот што сте го направиле да поминувате време со некого само затоа што сте добиле подобра понуда.
– Тоа е обѕир кон другата личност – вели таа.
912