Воспитување

Во Југозападна Сирија се загрозени 55.000 деца

Oколу 55.000 деца во Југозападна Сирија имаат потреба од помош и се изложени на ризик од глад, проценуваат хуманитарните организации на ОН.
Сириските владини сили, со поддршка на руската Армија, минатиот месец презедоа контрола врз Југозападна Сирија. При офанзивата, според податоците на високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), околу 270.000 лица биле принудени да ги напуштат своите домови. Меѓу нив има и околу 55.000 деца кои се изложени на опасност и им се заканува смрт, наведува УНХЦР.
ОН предупредија дека офанзивата на сириската армија против бунтовниците во Југозападна Сирија, по должината на израелската граница на Голанската Висорамнина, резултира со хуманитарна катастрофа на тие подрачја.
Она што особено загрижува, како што изјави портпаролката на Канцеларијата на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во Аман, Џулиет Поума, е тоа што е ограничен пристапот за хуманитарна помош.


Организацијата „Спасете ги децата“ алармираше дека во последните неколку недели голем број деца во Југозападна Сирија починале или се разболеле затоа што пиеле загадена вода, дехидрирале или биле каснати од змии или скорпии.

Поврзани написи

To top