Пред повеќе од еден век осумгодишната Вирџинија О’Хенлон се запрашала дали нејзините пријатели се во право кога ѝ рекле дека Дедо Мраз не постои. Таа решила да истражи, па го испратила своето прашање до весникот „Њујорк сан“, а одговорот на уредникот Френсис Фарселус Чрч останал запаметен во историјата. Еве го целиот текст од размената на нивните писма, од септември 1897 година:
-Почитуван уредник,
Имам осум години. Некои од моите пријатели велат дека Дедо Мраз не постои. Тато вели: „Ако видам нешто во Сан, тоа е точно“. Ве молам кажете ми ја вистината, постои ли Дедо Мраз?
Вирџинија О’Хенлон-
„Вирџинија, твоите мали пријатели грешат. Тие биле под влијание на скептицизмот на модерната доба. Тие не веруваат во она што не можат да го видат. Мислат дека не постои ништо што не е разбирливо од нивните мали умови. Сите умови, Вирџинија, било да се машки, женски или детски, се мали. Во овој наш голем универзум, човекот е обичен инсект во однос на неговиот интелект.
Да, Вирџинија, Дедо Мраз постои. Постои исто толку сигурно како што постојат љубовта, великодушноста и лојалноста. Леле! Колку би бил тажен светот да го нема Дедо Мраз! Би било толку страшно како да ја нема Вирџинија. Тогаш не би имало детска верба, поезија, романса, кои ова постоење би го направиле толерантно. Не би требало да имаме никакви задоволства. Би згаснала вечната светлина со која детството го исполнува светот.

Не верувате во Дедо Мраз? Можеби дури и не верувате во самовили! Можеме да ги натераме татковците да ангажираат луѓе да ги проверуваат оџаците на Бадник за да го фатат Дедо Мраз, но дури и да го видат Дедо Мраз како се спушта низ оџакот, што би докажувало тоа? Никој не го гледа Дедо Мраз, но тоа не е знак дека Дедо Мраз го нема. Најреалните работи на светот се оние што ниту децата ниту луѓето не можат да ги видат. Дали некогаш сте виделе самовили како танцуваат на тревникот? Секако дека не, но тоа не е доказ дека тие не постојат. Никој не може ни да ги замисли сите чуда што постојат, видливи и невидливи.
Вирџинија, на целиот овој свет не постои ништо вистинско и постојано. Па ни Дедо Мраз. Фала му на Бога што тој живее вечно. По илјада години, Вирџинија, не, по десет илјади години, тој ќе продолжи да ги радува срцата на децата.
Френсис Фарцелус Чрч