Доналд Трамп повторно е исклучително важна личност, а неговата инаугурација и почетокот на неговото владеење беа добро покриени во медиумите. Се зборуваше за неговата сопруга, нивното танцување, фотографирани се нејзините модни комбинации, а интересни беа и неговите деца.
Можеби тоа беше големиот ден на Доналд Трамп, но всушност неговите внуци го украдоа шоуто, поточно вниманието на многумина. Џозеф (10) и Теодор (8), синовите на ќерката на претседателот, Иванка Трамп, на многумина им донесоа насмевка на лицата со тоа што се – деца. Имено, за време на мисата во црквата „Сејнт Џон“, пред церемонијата на заклетвата, тие за малку не заспале. Додека мајката Иванка седела меѓу нив, двете момчиња се обидувале да ги држат очите отворени за време на мисата. Постариот Џозеф во еден момент дури се потпрел на рамото на мајка си и изгледал како длабоко да спие.
На крајот на краиштата, децата се деца и не можат лесно да се преправаат кога се во прашање претежно здодевните церемонии што ги одржуваат возрасните. Покрај двата сина, Иванка Трамп и Џаред Кушнер ја имаат и ќерката Арабела, која беше вистинска млада дама на инаугурацијата, а веќе е многу активна во различни хуманитарни акции покрај нејзината мајка.
Срцата на многумина ги освоија и внуците на Трамп, Лук (7) и Керолин (5), деца на неговиот син Ерик Трамп и неговата сопруга Лара Трамп. Тие двајца заедно со своите родители ја рецитираа заклетвата за верност пред сите насобрани, а родителите ги држеа во раце за да бидат поблиску до микрофоните.
Како што влегоа во црквата со своите родители, можеше да се види дека децата се облечени според пригодата, но повторно со примеси на детство. Керолин носеше црвени чевли кои потсетуваат на Дороти од „Волшебникот од Оз“ и слатки бели чорапи со панделка. Лук, пак, носеше костум, но на нозете имаше патики од познат спортски бренд, а во рацете имаше кадифено животинче.
Инаку, претседателот Трамп има вкупно 10 внуци, а наскоро ќе добие уште еден, откако неговата ќерка Тифани Трамп минатата година објави дека е бремена. Иако Иванка Трамп имаше важна улога во кабинетот на нејзиниот татко во неговиот последен мандат, овој пат нема да преземе таква одговорност. Главната причина поради која не се враќа на својата позиција, според неа, се децата.
-Главната причина што сега не се враќам да служам е затоа што ја знам цената. И тоа е цена што не сум подготвена да ја платам за моите деца. Моите примарни цели се само да бидам најдобра можна мајка – рекла таа, додавајќи дека секогаш кога нешто пропуштала за време на мандатот на нејзиниот татко, си кажувала дека нема да дозволи да се повтори тоа кога ќе ја напушти Белата куќа.
Автор: Наташа Крстичевиќ