Здравје

Внимателно со градинарските црева – децата може да добијат изгореници

Мајката на три деца, која ја води фејсбук-страницата „Daisy First Aid Redhill & Croydon“, се присетила на предупредувањето што го објавила пред четири години, кога момчето Николас Вудгер од Аризона се здобило со изгореници од втор степен. Во една група на „Фејсбук“, една мајка споделила фотографија од деветмесечно бебе со тешки изгореници, објаснувајќи дека малку луѓе сфаќаат колку можат да бидат опасни цревата за вода во текот на летото.

„Момчето на фотографијата претрпе изгореници од втор степен на повеќе од 30 отсто од телото бидејќи случајно беше испрскано со вода од градинарско црево“, напишала таа. Додека цревото стоело цел ден на сонце на високи температури, се загреало и малиот добил изгореници од втор степен. Пожарникарите од Лас Вегас сега уште еднаш предупредиле на опасноста што се крие во градинарските црева бидејќи водата во нив може да се загрее до 60 Целзиусови степени.

„Ако градинарско црево е изложено на директна сончева светлина во текот на летото, водата во него (која не тече) може да се загрее на 54 до 60 Целзиусови степени, што може да предизвика изгореници, особено кај децата и животните. Оставете ја водата да потече неколку минути за да се излади пред да ги прскате луѓето и животните“, велат пожарникарите.

Малиот Николас седел во базенот за деца и чекал мајката Доминик да го наполни кога се случила трагичната несреќа. Кога го испрскала своето момче, избил млаз врела вода. „Мислев дека плаче затоа што е лут, мрази кога го прскаат по лицето. Не бев свесна дека го гори. Бидете внимателни“, изјавила Доминик по инцидентот кој, за среќа, не оставил трајни последици врз телото на нејзиниот син.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top