СОНК бара минималната плата во државата да биде основица за пресметка на плата по коефициент на сложеност. Според таа пресметка, нето-плата на наставник би требало да биде 43.000 или 44.000 денари.

СОНК ќе го стави најавениот протест во мирување по денешната средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и представници на Владата од надлежните министерства, на кој е решено да продолжат разговорите околу барањата на синдикалците за подобрување на платите на наставниците во образованието односно договорен е континуиран дијалог додека не се постигне заеднички договор.

На средбата во Владата присустваа претставници од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), предводена од претседателот Јаким Неделков во која учествуваа и членови на Советот на овој синдикат, на која е донесен заеднички заклучок дека Владата е отворена за континуиран дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар. Акцентот се става на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори, се вели во соопштението од Владата.

Средбата дојде по најавата на СОНК дека поради пропаднатите проговори од минатата недела не останува ништо друго туку да се оди на генерален штрајк кој синдикатите го најавија за 11 април. СОНК бара минималната плата во државата да биде основица за пресметка на плата по коефициент на сложеност. Според таа пресметка, нето-плата на наставник би требало да биде 43.000 или 44.000 денари.



912

X