Акцентот е на развивање на индивидуалните таленти и вештини на децата, но и нивно интегрирање во општеството и непосредната околина со градење општествена одговорност кон себе и кон другите

Еден од едукаторите во „Бибиверзум“ е и Владанка Димитрова-Урошева, професор по одделенска настава.
Насмеаната, позитивна и креативна наставничка вели дека „Светот на Биби“ и „Бибиверзум“ се големо освежување во насока на едукација на модерен и интересен начин на младата популација.

– Ликовите го претставуваат учењето на забавен начин и како такви се интересни и прифатени од децата. Бидејќи се сметам себеси за модерен и креативен наставник, се пронаоѓам во замислата на едукација преку игра. Како едукатор, овозможено ми е да применувам многу современи и интерактивни алатки и да влијаам врз формирањето модерна, самоуверена и хумана млада личност – вели Владанка.

Децата ќе научат, објаснува таа, да си веруваат себеси, да не се плашат да ги користат и да ги споделуваат со другите стекнатите знаења.

– Работиме на тоа да бидат свесни и за потребите на другите, да развиваат особини како емпатија, грижа, дарежливост, тимска работа, сочувствителност, љубезност, благодарност – вели таа.

„Бибиверзум“ е образовна платформа која нуди современа и модерна едукација, во која се интегрирани многу образовни алатки и ресурси за воспитување и образование на децата.
– Акцентот е на развивање на индивидуалните таленти и вештини на децата, но и нивно интегрирање во општеството и непосредната околина со градење општествена одговорност кон себе и кон другите – додава Димитрова-Урошева.



912

X