Образование

Вашето дете памети сè што ќе види? Еве како да му помогнете во учењето!

Дали вашето дете веднаш забележува кога сте смениле нешто во собата, но никако не може да го запомни она што сте му го кажале пред пет минути? Ако одговорот е „да“, тогаш вашето дете најверојатно е визуелен тип. Овие деца не паметат зборови, туку слики. За нив, читањето на лекцијата по десет пати е вистинско мачење, но затоа имаат супермоќ што можете да ја искористите.

Најдобрата алатка за овие деца се маркерите во боја. Научете ги да ги обележуваат со различни бои важните поими во учебникот (на пример, имиња со сино, години со жолто). Кога ќе прават тест, нивниот мозок буквално ќе ја „фотографира“ страницата и ќе се сетат на бојата и местото каде што стоел податокот.

Уште еден генијален трик се менталните мапи. Кога учат, наместо да пишуваат реченици во тетратката, кажете им да ја нацртаат лекцијата. Главната тема нека биде во средина како сонце, а од неа нека излегуваат гранки со сликички. Ако учат за животните во Африка, нека нацртаат мало лавче и сонце – тоа ќе го паметат секогаш.

Препорака од педагог

Поставете налепници со клучни зборови на видни места во домот, на пример, на огледалото или на вратата од фрижидерот, за детето постојано да ги има пред очи. Педагошка препорака е кај овие деца да се инсистира на уредно биро без непотребни предмети кои ги дефокусираат очите. Наместо да ги терате да раскажуваат, побарајте од нив да ви нацртаат шема или скица на наученото. Ова го намалува притисокот и ја поттикнува нивната природна способност за визуелно поврзување на информациите.

Поврзани написи

To top