Игротека

Вирална снимка од тоа како овој вујко со Даунов синдром се грижи за својот внук

Мет Роудс има будалеста смисла за хумор, силно чувство за емпатија и семејство кое го сака повеќе од сѐ. И има Даунов синдром.

Сега, видеото за неговиот однос кон неговиот внук стана вирално и ги прикажува луѓето со Даунов синдром во сосема поинакво светло.

– Му дозволив на брат ми, кој има Даунов синдром, да се грижи за моето бебе, од новороденче до овој момент – објаснува неговата сестра Ерин Џонсон во виралното видео.

– Луѓето имаат тенденција да не го сфаќаат сериозно, но кога му дадовме шанса да се грижи за син ми, тој се снајде и ги изненади сите со својата нежност – додава таа.

Џонсон беше толку изненадена од односот на нејзиниот брат кон нејзиниот син, што создаде видео во кое ја документира нивната врска.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top