Повеќе од 430 ученици од 6 основни училишта научија за безбедноста на Интернет
Vip едукативната програма “Интернетот не е само игра…кликај безбедно” е на половината од реализацијата за оваа учебна година. Досега низ едукативната програма поминаа повеќе од 430 ученици од 4-то одделение од 6 основни училишта на територијата на град Скопје.
Во рамките на едукативната програма, Vip подготви интерактивни предавања кои се прилагодени на возраста на децата, а кои се спроведуваат од страна на вработените во Vip. Преку креативен пристап и метод на учење, волонтерите од Vip го приближуваат интернетот до децата, неговото значење и големина, а особено внимание обрнуваат на советите како децата да умеат да се заштитат себеси и своите лични податоци кога сурфаат на светската мрежа.
“Навистина е зачудувачки податокот колку децата се технолошки писмени. Сериозно! Разбираат и активно учествуваат, кажуваат ситуации и поставуваат прашања кои дополнително нè уверуваат во исправноста на оваа наша едукативна мисија, вели Наташа Бошковски една од предавачите волонтери“ во “Интернетот не е само игра…кликај безбедно” проектот.
“Од досегашните предавања забележуваме дека речиси 99% од децата знаат што е интернет и во некаква форма и самостојно биле дел од светската мрежа. Најголемиот број од нив, Интернетот го користат за игри и забава, што е и логична појдовна точка за едукација, бидејќи токму во тие содржини децата можат да се сретнат и со првите опасности како на пример pop-up банери или пак други форми на рекламни содржини со скриени намери. Она што постојано ги советуваме е кога едноставно не знаат што да прават во одредена ситуација на интернет, задолжително да ги консултираат родителите, за тие да ги преземат потребните чекори за заштита” – вели Катерина Георгиева, предавач волонтер во проектот.
До крајот на учебната година ќе бидат опфатени уште 4 основни училишта во општините Гази Баба, Бутел, Кисела Вода и Аеродром, а тенденција е едукативната програма да прерасне во долгорочен проект кој ќе ги опфати сите ученици од 4-то одделение ширум Македонија.
Едукативната програма “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно…” започна во февруари 2018 година и до крајот на учебната година ќе бидат опфатени повеќе од 700 4-то одделенци од 10 основни училишта од територијата на град Скопје. Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Повеќе информации за едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни www.vip.mk
912