Ема од Нов Зеланд ја делат неколку недели од закажаниот царски рез, но нејзиниот стомак изгледа како да е веќе бремена во 42. недела. Имено, оваа идна мајка е бремена во 29. недела со близнаци, а на „Тик-ток“ го покажала својот стомак.
– Станувам сѐ поголема и останувам без здив, но освен тоа, сè е во ред – рекла таа.
И покрај ова, бременоста на Ема се смета за високоризична бидејќи секое бебе има своја плацента и амнионска кеса. За да се осигурат дека бременоста напредува безбедно, лекарите препишале инјекции за разредување на крвта кои го намалуваат ризикот од згрутчување.
-Покрај тоа, го зголемив внесот на витамини и железо – додала Ема.
Таа истакнала дека ако нејзините бебиња продолжат да растат со ова темпо до 37. недела кога треба да се породи, тие ќе бидат големи колку просечно новороденче.
Многумина биле шокирани од стомакот на Ема, но многу мајки кои родиле близнаци велат дека тоа е сосема нормално.