Мајката Витни споделила симпатичен момент на профилот на нејзиното семејство на „Тик-ток“ што успеала да го сними додека подготвувала оброк. Го држи бебето во едната рака, а со другата држи нож кој го удира со дланката додека го лупи лукот.
Ќерката на Витни не можела да престане да се смее. Со секој нов удар на лукот, слаткото девојче почнува да се смее уште посилно, а нејзината смеа е толку заразна што и самата Витни почнува да се смее толку силно што мора да престане со работата.
-Кој би помислил дека лупењето лук може да биде толку забавно – се пошегувала Витни во описот на видеото.