Хана Прл споделува слатки видеа од нејзиниот живот на „Тик-ток“. Оваа млада мајка пред неколку месеци родила девојче и оттогаш на својот профил често објавува видеа од членовите на своето семејство кои поминуваат време со девојчето.
Во ова видео, кое е прегледано повеќе од три милиони пати откако е објавено, Хана ја споделила првата прошетка на нејзината мајка и ќерка. Бабата не можела, ниту се обидела да ја сокрие возбудата, а со своето однесување ги воодушевила сите што го погледнале видеото. Во коментарите има луѓе кои напишале дека и тие сакаат нивните родители да имаат вакви радосни реакции.