Воспитување

Видео: Воодушевувачки третман на деца со посебни потреби во фризерски салон

Секој родител на дете со посебни потреби знае колку е тешко да се реализира една обична и едноставна задача како потстрижување. Тоа изгледа како нешто банално, но детето со често не разбира што се очекува од него и зошто некој странец треба да го допре и – да му ја скрати косата. Трпението и разбирањето е нешто што многу фризери го немаат за да го натераат детето да се согласи да ја скрати косата.

Но, тоа не е случај во еден фризерски салон во Њу Џерси, САД. Во салонот наречен „Your Kind of Cut“ персоналот го потстрижува секое дете, а процесот додека тоа се прави е едноставно волшебен.
Сопственикот на салонот, Били Динерштајн, изјавил дека не знаел колку имало потреба од ваков салон сѐ додека не го отворил. Денес, тој е свесен за тоа, особено кога родители од други држави доаѓаат кај него со своите деца, а некои дури и ги приспособуваат летовите за да останат доволно долго во Њу Џерси и да го донесат своето дете на фризер.

Освен тоа, во овој салон се потстрижуваат и возрасни лица со посебни потреби. Овие видеа ќе ве трогнат, но ќе бидете воодушевени од овој салон!

Овој салон стана уште попопуларен откако еден татко поставил видео од првата фризура на неговиот син на социјалната мрежа „Тик-ток“, а видеото ги освои срцата на милиони корисници низ светот. Иако на почетокот детето плаче и одбива да му ја скратат косата, на крајот со фризерот прават „да пукне“, а косата му е средена.

Она што е многу важно е дека нема ист пристап кон сите клиенти, туку на секое дете му се пристапува онака како што тоа „бара“, односно како што најмногу му одговара. Често стравот на детето доаѓа од родителот кој го придружува, истакнува Динерштајн.

„Но, тоа е сосема разбирливо. Влегуваат во друг салон каде што ветуваат дека ќе му помогнат на детето, исто како и во многу други досега, а тоа никогаш не функционирало“, истакнал сопственикот на салонот и додал дека е разбирливо што нивото на стрес е високо.

Често се случува децата да влезат со плачење, а на крајот да плаче родителот – и тоа од среќа што процесот поминал толку добро, а детето се смее.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top