Игротека

Видео: Вашето дете не сака да седи на нокшир? Овој трик ќе ви помогне

Праведно е да се каже дека никој навистина не ужива во процесот на вршење нужда на нокшир на своето дете. Тоа може да биде исцрпувачка и фрустрирачка вежба за веќе изморените родители и бара многу трпение. Но, и тоа е вештина која се учи со текот на времето.

Една мајка пронашла совршен начин кој може да го погледнете во следното видео. Без разлика како ви оди со процесот, секогаш зачувајте ја смислата за хумор.

Жаклин е мајка на малечко дете, па смислила лесен трик кој изгледа и премногу едноставен и можете да се обидете да го практикувате. Како што ќе видите во видеото, таа зема сад со топла вода и во него додава топчиња и мали играчки. Кога нејзиното дете седнува на нокшир, таа му ги зема стапалата и ги става во садот за да си игра додека си ја врши нуждата. Оваа активност го задржува детето на нокширот, со надеж дека почесто ќе го прави тоа – одлична идеја.

Автор: Елен Шмидт

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top