Воспитување

Видео: Тројка го дознава редоследот на раѓање на 18-тиот роденден

Џени, Рајт и Лук Хилберт немале поим по кој редослед се родени до нивниот 18. роденден. Нивните родители решиле да не го откриваат тоа поради нивниот постар син Клејтон, кој имал три години кога Стјуарт Хилберт и Клеј Хилберт дознале дека очекуваат тројка.

-Знаевме дека ќе се обиде да наметне свои правила, на пример, најстарото бебе прво да го добие шишето. Не сакавме да ја играме неговата игра и решивме да го чуваме редоследот по кој се родија бебињата во тајност. Така ги избегнавме стереотипите на најстарото, средното и најмалото дете – открила мајката Стјуарт Хилберт.

Признаваат дека чувањето на тајната на почетокот им било тешко, но вредело, велат тие. Имено, на 18. роденден била откриена долго чуваната тајна, а реакцијата на триото станала вирална на „Тик-ток“.

Дознале дека прв се родил Рајт, потоа Лук, а Џени е последна.

-Не сакав да бидам најмлада – признала Џени низ смеа. Таа додала дека откритието не ја променило семејната динамика. Во продолжение можете да го погледнете видеото од нивните реакции.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top