Децата учат од сето она што се случува околу нив. Затоа е важно да бидете љубезни и праведни кон вашите деца и да ги научите на сочувство. Мајката Кена Бангертер објавила видео кое покажува совршен пример за емпатијата кај децата.
Видеото почнува со Кена и нејзиниот сопруг Џек, кои седат на подот свртени кон камерата. Во центарот на кадарот е нивната најмлада ќерка Велзи, која неодамна почнала да ползи, свртена со грбот кон камерата.
Џек и Кена седнуваат на две спротивни страни и ја ставаат Велзи на средина, малку подалеку од двајцата. Насловот над видеото е следниот: „Сакаме да видиме кај кого ќе дојде нашето бебе сега кога научи да ползи“.
Дури и нивната постара ќерка Томи се приклучила и седнала меѓу нејзините родители за да ја следи целата игра. По некое време, бебето Велзи конечно избрало родител и се упатило кај таткото.
Кена покажува видно разочарување на нејзиното лице кога ја гледа Велзи како оди кај нејзиниот татко. Така, Томи прави нешто прекрасно. Таа станува и истрчува до местото каде што Велзи претходно почнала со ползење. Потоа и вели на мајка си: „Чекај мамо, јас ќе ползам до тебе“.
Корисниците се воодушевиле, а многумина коментирале дека овој гест им ги стопил срцата. „Томи знаеше дека тоа ти беше потребно“, споделил еден корисник. Друг додал: „Ова е прекрасно дете со развиена емпатија“.