Сара Бишоп ги насмеа корисниците на „Тик-ток“ со видео на кое нејзината ќерка се обидува да научи да вози ролери. Таткото на малечката Сара ѝ помага во таа намера, а мајката Сара документирала сè и го споделила видеото на платформата.
Таткото му покажува на девојчето што треба да прави, но тоа воопшто не може да се справи со предизвикот. Секој обид е посмешен од претходниот, а целата ситуација е особено смешна за родителите.
Луѓето напишале во коментарите дека видеото ги насмеало и го пофалиле девојчето што толку се труди да научи.