Игротека

Видео: Ја уверил ќерка си дека со возење велосипед го напојува телевизорот со струја

Татко одлучил да ја „намести“ својата ќерка за да ја натера да биде поактивна. Ѝ рекол дека со возење велосипед го напојува телевизорот со струја и дека тоа е единствениот начин за да гледа цртани.

Во дневната соба поставил велосипед и секојпат кога таа ги врти педалите, цртан филм се емитува на телевизорот. Штом ќе застане, тој зад неа, стискајќи на далечинскиот управувач, го прекинува цртаниот.

Видеото собрало 21 милион прегледи и е најгледано на неговиот профил во изминатата 2021 година.

Извор

Поврзани написи

To top