Роб Мудалал ги насмеал корисниците на „Тик-ток“ со урнебесно видео од неговата ќерка. Слаткото девојче лудува по пица и навистина се возбудува секогаш кога ќе ја нарачаат или ќе ја прават дома. Затоа Роб еднаш решил да ја сними нејзината реакција на доставувачот на пица, а видеото за два дена станало вирално.
За тој краток период, видеото е прегледано повеќе од 16 милиони пати, а ја прикажува возбудената реакција на едно мало девојче. Таа радосно се шетала низ нивниот дом и извикувала „пица“ и „пицата доаѓа“, смеејќи ги сите околу неа. Во продолжение погледнете ја целосната реакција.