Воспитување

Видео: Татко им направил фризури на ќерките, луѓето умираат од смеа

Колку можат да бидат снаодливи родителите, покажува ова видео во кое еден татко се соочил со тешка задача. Имено, откако неговата сопруга Карен го замолила да ги подготви нивните две ќерки за градинка и училиште додека таа се одмара, тој решил да им ја среди и косата. Кога мајката се разбудила и сфатила што се случило, решила да ја сними урнебесната сцена.

На видеото што го објавила на „Тик-ток“, а кое моментално има речиси 10 милиони прегледи, може да се види дека таткото на своите ќерки им правел опавчиња, но наместо класичните гумички за коса, користел кабелски врзувачи.

„Дали тато ти ја среди косата? Што се овие, кабли?“, ги прашала Карен, која не можела да поверува што се случило. Снаодливиот татко за кратко време станал вистински хит на социјалните мрежи, а луѓето се воодушевени од неговиот необичен метод на средување на косата.

„Не ми се верува, ова е премногу добро“, „Како се снајде толку добро“, „Убедена сум дека овие фризури ќе траат многу подолго отколку ако им ставаше обични ластичиња“, се само дел од смешните коментари.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top