Планинарењето може да биде предизвик, особено за децата, но со малку креативност, секоја прошетка може да стане вистинска авантура. Кратките паузи при подолги прошетки се неопходни, но начинот на кој родителите ги организираат прави голема разлика. Така, еден татко смисли уникатен начин да го одржи расположението на своите ќерки додека заедно ја истражуваат природата.
Мајк Волтон и неговите ќерки не прават обични паузи – тие имаат „танц-паузи“. На неговиот инстаграм-профил Мајк сподели момент од нивното пешачење, каде што со неговата ќерка смислиле забавна кореографија за време на 22-километарска прошетка. Тој се трудел да ги следи нејзините движења, а нивните спонтани танцови паузи на живописната патека го воодушевија интернетот.
– Ова го правам со ќерките веќе три години, и ним им е неизмерно смешно. За време на оваа прошетка застанувавме на секои 800 метри за малку да потанцуваме – напиша тој под видеото и додаде дека поставувањето на камерата му одзема само неколку секунди, а девојчињата подоцна уживаат гледајќи ги снимките.
912