Игротека

Видео: Татко го убедува синот да свири на пијано на аеродром

Кристијан поседува огромен талент за свирење на пијано. Но, неговата срамежливост го спречува да настапува пред поголема публика. Така, додека чека со својот татко на аеродромот во Женева, татко му упорно се обидува да го убеди да свири на пијаното кое е поставено во ресторанот каде што поминуваат време додека го чекаат летот.

По долго убедување Кристијан прифаќа и седнува на пијаното. Прва реакција има од келнерката, која се воодушевува од неговата изведба. А потоа и погледите на другите се вперени во Кристијан, кој изведува комплексни дела од познати музички композитори. Уверете се во неговата дарба во следното видео:

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top