Воспитување

Видео: Татко дознава дека ќе добие ќерка – погледнете ја неговата реакција

Повеќето идни родители со нетрпение очекуваат да го откријат полот на нивното дете. Велат дека не е важно дали е машко или женско, само да е здраво, но некои сепак копнеат по син или ќерка.

Еден татко не можел да го скрие разочарувањето кога дознал дека ќе добие трета ќерка. Застанал пред камера со сопругата и двете ќерки. Жената отворила чадор и од чадорот излетале розови конфети, знак дека нивното неродено бебе е женско. Откако сфатил дека во неговото семејство доаѓа уште едно девојче, таткото бил видно разочаран и излегол од кадарот. Мајката се смее, но се чини дека прилично се посрамотила од реакцијата на нејзиниот сопруг.

„Бебето Фултон број 3 е… Се колнам дека е среќен“, напишала мајката на видеото, кое собрало 51 милион прегледи.

Можноста за коментирање била исклучена поради претежно негативните реакции за однесувањето на таткото, но видеото се проширило и на другите мрежи, каде што луѓето не се воздржувале премногу да кажат што мислат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top